-->
-->
Два гола на Игуаин за нова победа на Јувентус
-->
![]()
Гонзало Игуаин беше творец на победата на Јувентус во синоќешниот меч против Киево со 2-0.
На средбата одиграна во Торино, а во рамките од 31.коло на Серија А, актуелниот шампион и лидер на табелата Јувентус до победата дојде со головите на Аргентинецот, Игуаин во 23-тата и 84. минута.
Покрај овој меч вчера се одиграа и средбите Емполи – Пескара и Аталанта – Сасуоло, а и двете завршија со ист резултат 1-1.
Денеска ќе се играат натпреварите: Сампдорија – Фиорентина (од 12:30 часот), Болоња – Рома, Каљари – Торино, Кротоне – Интер, Милан – Палермо и Удинезе – Џенова (15 часот), додека дербито на колото меѓу Лацио и Наполи е вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути.
Табела: Јувентус 77 бодови, Рома 68, Наполи 64, Лацио 60, Аталанта 58, Интер 55, Милан 54,..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
