-->
-->
Два гола на Фалкао во победата на Монако од 4-0
-->
Радамел Фалкао постигна два од четирите гола на Монако во победата над Лил.
На натпреварот од 7.коло во француската Лига 1, одигран синоќа во Лил, шампионот Монако забележаа убедлива победа против истоимената домашна екипа со 4-0.
Колумбискиот репрезентативец Фалкао беше стрелец на два гола и тоа во второто полувреме (47 и 73-минута од пенал), откако во првиот дел Црногорецот Стеван Јоветиќ го постигна првиот (24), а Рашид Гезал беше стрелец на вториот гол (30).
Во првата средба од ова коло, Ница извлече бод во дуелот против Анже. Гостите преку Павловиќ и Екамби имаа предност од 2-0, но Ница преку Балотели од пенал и автоголот на Траорe се избори за нерешен резултат 2-2.
Денеска на програмата се пет средби, а во првата (од 17 часот) лидерот на табелата ПСЖ гостува Монпеље
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО