Душко Арсовски е новиот портпарол на Владата

Душко Арсовски е новиот портпарол на Владата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.
Од владината прес-служба информираат дека покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа.
Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.
Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на „Би-Би-Си“ на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на „ТВ Алфа“ како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата.
Кариерата ја започнал во „Македонското радио“, во програмата за деца, во 1998 година. Подоцна преминал во скопската телевизија „Скај Нет“ и во „Македонската телевизија“ каде работел како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот.
Душко Арсовски е роден во 1977 година во Куманово. Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001. Во 2017 година станува магистер на „Меѓународни односи – разрешување конфликти“ на Филозофскиот факултет при УКИМ во рамките на ТЕМПУС програмата. Во академската 2003/2004 бил на стручно доусовршување, во областа на новинарството на Државниот универзитет на Ново Мексико, САД, со стипендија од Стејт Департментот.
Добитник е на наградата на Делегацијата на Европската Унија во Македонија – „Прашање на годината“ во 2005 година, за известувањето од ЕУ самитот во Брисел на кој Република Македонија доби статус земја – кандидат за членство во Унијата. Во 2006 година добил сертификат од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Специјални достигнувања во известување за прашања поврзани со ЕУ“.
Ново на Сител
-

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
-

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово: БМВ и камион се судрија, возилата изгореа | ВИДЕО
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
-

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто
-

Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија
