Душица Попоски најдобар интернационален студент за 2019 година во Австралија

Кога сонот станува јаве тоа е повеќе од личен успех, тоа е сатифакција која те понесува кон нови предизвици. Таква е и приказната на нашата Душица Попоски која во 2014 година решена да го следи сонот, да гради кариера на друго тло далеку од дома од Македонија, заминува во Перт, Австралија. И како што велат патот до успехот не е лесен и е полн се препреки па така и првата препрека на Душица била неможноста да ја нострифицира Дипломата за Медицинска сестра од Македонија.
“Никогаш не верував дека мојата диплома која ја стекнав со огромен труд студирајки 4 години во средното медицинско училиште во Скопје и преку 4 години работно искуство како медицинска сестра би била исправена пред предизвикот повторно да ја изучувам истата струка и да се докажувам во својата професија”, вели таа.

Но таа упорна во исполнување на својата цел повторно се враќа во училишна клупа но сега како интернационален студент во Австралија. Се стекнува со повеке дипломи во областа на медицината од кој и диплома за медицинска сестра. Нејзините професори го согледале потенцијалот и посветеност во неа па така ја номинираат за награда Амбасадор за North Metropolitan Tafe како Најдобар интернационал Студент од истата институција, која на крајот и ја освојува, за потоа повторно да биде номинирана за високо рангираната национална награда Најдобар Интернационален Студент во Западна Австралија. Со оваа награда Таа станува Национален Амбасадор за сите сегашни и идни интернационални студенти кои сакаат да ги продолжат своите студии во овој дел од Австралија. За искуството со студирањето во странство и на друг јазик кој не е мајчин таа вели:
“ Предизвикот е голем, исто така и притисокот да се биде успешен на професионален план каде студирате и комуницирате на јазик кој не ви е мајчин а притоа сте во професија каде и најмала грешка во комуникација би загрозила човечки живот”

Таа потоа добива работна позиција во институција за рехабилитација на луѓе со невролошки проблеми (повреди на мозокот) институција која е едиствен од таков вид во Австралија,Тасманија И Нов Зеланд.
“Ја имам таа чест да сум дел од оваа институција каде се почитува мојата професионалност и посветеност на мојата професија и тоа резултираше со понуда за работно место како медицинска сестра непосредно по завршување на моите студии, а имам и целосна поддршка од целиот менаџмент на Brightwater Care Group”, вели Душица.

Воедно вели дека животот подалеку од дома не е послан со рози и дека носталгијата е неминовно чувство. Како Амбасадор и најдобар интернационален студент таа вели не запирам тука.
Нејзината крајна цел е да стане матична медицинска сестра која може да работи самостојно без надлежност од доктор. За сите оние што рамислуваат за кариера надвор од границите на Македонија, Душица вели:
“Бидете храбри, превземете ризици и секогаш следете го својот сон. Непостои неостварлив сон, само постојат стравови од непознато и од неспех. Неуспехот е поучно искуство на патот кон успехот. Сонувајте и освојувајте!”
Ново на Сител
-

12 мртви при пад на авион во Мисури, САД
-

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце, се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвораме нови можности за домашните компании
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
