Македонија
2. April 2025 - 12:29

Дурмиши: Секој има право на протест, но местото за повисок минималц не е на улица

Сојузот на синдикати денеска на протестен марш почнувајќи од работничкиот дом, преку Собранието и стопанската комора и ќе завршат пред влада. Синдикатите се незадоволни што владата  утврди минималецот без учество на работниците како што е пропишано со закон

ССМ бара минималната да изнесува 30.000 денари, наместо 24.300 денари, а владата во рок од една година да ги покрива придонесите за разликата од 6 илјади денари.

За министерот за економија легитимно е правото на протест, но согласно законот тој лично морал да го потпише зголемувањето на минималецот за 1.800 денари затоа што репрезентативноста на ССМ не е утврдена.