Македонија
28. February 2025 - 14:53

Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети

Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши на прес-конференција, откако деновиве беше соопштено во јавноста дека неколку ланци на маркети, заеднички се договарале околу цени, спротивно на законот.

- Комисијата за заштита на конкуренција континуирано врши контроли на терен и постапува согласно на два закона, за нефер трговски практики и за заштита на конкуренцијата. Неколку маркети нелегално договорале цени и биле фатени од оваа комисија. Комисијата извршила ненајавен увид во четири големи трговски ланци и една стопанска комора. Поради сомневање за нарушување на пазарната конкуренција, истакна тој.

Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет ст

Увидот бил извршен врз основа на индиции дека овие субјекти го прекршиле законот за заштита на конкуренцијата кој забранува усогласување меѓу претпријатијата. Тој соопшти дека Комисијата ќе донела прекршочна постапка и најавила дека ќе преземе најригорозни мерки. Министерот рече дека го поддржува сево ова. Затоа што, како што истакна, биле тука, за да се раководи исправно со институциите, а не како што било порано.

Околу тоа дали се почитува ограничувањето на маржите, министерот информираше дека според првите информации, тоа се почитувало. Тој рече дека надлежните, се на страна на граѓаните.

- Каде што има непочитување, казните ќе бидат од 500, до десет илјади евра, па и затворање на маркет. За овие работи е надлежен Државниот пазарен инспекторат, потсети министерот.

Склучен бил меморандум за соработка меѓу Комисијата и Инспекторатот, за подобри контроли на терен.