Loading Video...
Фудбал
9. February 2021 - 16:32

Дури пет натпревари од европските фудбалски купови ќе се играат на неутрален терен

Ковид рестрикциите се причина поради која и неколку натпревари од фудбалската Лига на шампиони ќе се играат на неутрални терени
 
Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта. Имено, откако германските власти не дозволија англиските екипи да влезе во земјата без притоа да бидат во карантин, УЕФА реши дуелите што требаше да се играа на германско тло, да се одиграат во Унгарија. 
 
Станува збор за натпреварите меѓу Лајпциг и Ливерпул и дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити. 
 
Неофицијално има најава за уште три натпревари од првата нокаут фаза и тоа во Лигата на шампионите, дуелот меѓу Атлетико и Челзи наместо во Мадрид да се игра во Варшава, а средбите од Лига Европа меѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед односно Бенфика - Арсенал да се играат во Торино и Рим.
 
Инаку веќе следниот вторник и среда на програмата се првите четири натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.