Дуото пијанисти Скиаво - Маркеџиани за затворање на „Интерфест 2015“
Со концерт на дуото пијанисти Марко Скиаво и Серџио Маркеџиани од Италија, вечер, во Битола завршува 24. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“.
Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“ истакна дека Марко Скиавио и Серџио Маркеџиани се познати италијански пијанисти кои издале повеќе ЦД-а, настапуваат како солисти со најголемите италијански и европски оркестри, а вечер во Битола ќе изведат дела од Шуберт и познатите унгарски танци на Брамс.
- Сакавме ентузијастичко завршување на фестивалот и тоа ни успеа. Вечерашниот концерт, во салата на клавирите на битолскиот Музеј, ќе биде увертира за тоа што сакаме да се случува догодина на 25. издание или јубилејот - четврт век на „Интерфест“, изјави за МИА, Шперовиќ Рибарски.
Годинава на „Интерфест Битола 2015“ настапија уметници од 11 европски држави. Освен во Битола еден дисперзиран концерт се одржа во националната галерија „Даут Пашин Амам“ во Скопје, каде концерт приредија квартетот „Фаготисимо“ од Романија.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на Советот на општина Битола.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо