Македонија
10. January 2025 - 12:27

Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците

Умерена исхрана за време на празниците, препорачуваат лекарите. Меѓу Божиќ и во пресрет на Стара Нова Година да не се претерува со мрсна храна, со цел празниците да не ги поминат во болница. По Божиќните пости, граѓаните постепено да се враќаат на нормалната и секојдневна исхрана, a преминот да биде умерен и балансиран.

После Божиќ доаѓа Стара Нова Година и други верски празници, кои изобилуваат со богата и мрсна исхрана. За сите оние кои постеле претпорачано е исхраната да биде умерена, постепено да се враќаат на секојдневната исхрана. Ова не само за оние кои постеле, туку и за сите останати, потребна е умерен и балансирана исхрана, со зеленчук, овошје и млечни производи со кои нашето поднебје изолбилува, изјави д-р Валентина Митрова, специјалист по општа и семејна медицина

Месото има и свои нутритивни, односно, добри страни кои на организaмот му се потребни, додава Митрова, меѓутоа како и со се останато треба да се внимава на количините при консумирањето, за да не направи проблем.

Особено тегоби во гастроинтестиналниот тракт, односно, во желудникот, затоа што настанува оптеретување и претставува проблем при варењето. Оние што веќе имаат проблем со жолчните патишта и желудникот, најнапред ќе ги почувствуаат овие тегоби. Меѓутоа, има луѓе кои не знаат дека имаат ваков проблем, па празниците да ги поминат во непријатна ситуација, да имаат потреба од лекари или хоспитализација, додаде Митрова

Според статистиката на штипска Клиничка, за време на новогодишните празници немало поголем број на граѓани кои завршиле во болница заради прејадување.