Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници
Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна средба со новинарите, апелираше до централната власт да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во градот.
-Вчера се тестирани 19 лица при што тројца од нив се позитивни на коронавирус. Имам информации дека тројцата се здравстени работници.Затоа оценуваме дека здравствените работници не се доволно заштитени како што треба. Бараме централната власт да биде поекспедитивна за нашите барања, посебно за заштитни средства, бидејќи сегашните се импровизирани, а не адекватни средства, рече Дука.
Претходно коронавирусот беше потврден кај двајца лекари и две медицински сестри од приватната педијатриска амбуланта. Треба да се спомне дека двајцата матични педијатри дежураа и во Итната служба на Општата болница.
Додаде дека 77 лица се во домашна изолација и редовно се конторлираат од страна на припадниците на МВР дали ја почитуваат препораката за самоизолација.
-Со наши максималните залагања, барања, постојани контакти со централната власт проблемот со движењето на фирмите и откупот на млеко во Дебар е надминат. Се очекува да биде надминат и проблемот со македонските државјани кои остана заглавени во Дебар за што одлука треба да донесе Владата на седницата што треба да ја оджи денеска, изјави Дука.
Според него, на контролнте пунктови пропуштени се 47 возила со прехрамбен артикли и други производи и медикаменти и додаде дека нема никаков поблем во снабдувањето на градот со потребните артикли и лекови.
Посочи дека продолжува дезнифекцијата на јавните површини, објекти и улици од страна на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ во што на припомош се и вработените на Територијалната противпожарна единица.
Се заблагодари на сите хуманитарни организации, фирми и поединци кои понудиле помош и уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните.
-Упатувам апел до Владата да биде поекспедитивна во реализација на нашите барања, бидејќи за нас во Дебар значајни се часови и минути, а не денови, порача Дука на крајот од прес – конференцијата.
Ново на Сител
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер