ДУИ: Таравари нема храброст да се извини за својата лага
Три дена после кажаната голема лага во медиумите, ниту Арбен Таравари, ниту неговата партија, фракција на ДПА на Мендух Тачи, Движењето за Реформи во ДПА, и по демантирањето од Тирана и Приштина, не наоѓаат храброст и доблест да се извинат на граѓаните, Косово и Албанија.
Само една изјава на бившите соработници на Мендух Тачи ја истакна на површина целата измама која тие ја претставуваат заедно со нивното незнаење и несериозност.
Таравари и поранешните сопартијци на Мендух Тачи кои создадоа фракција во ДПА, од стравот од претрпување на петтиот пораз по ред како фракција или седумнаесети како доживотни губитници од 2002 година, бараат помош и спас тропајќи на сите можни врати, и на имагинарните, затоа што немаат храброст за да се соочуваат директно.
Вие барате гласови за да уривате, а не да градите, за да поразите а не да победите, за да уништите а не да создадете, за лошо а не за добро.
Движењето за Реформи на ДПА доколку не се дистанцира и не ја осуди лагата, измамата и незнаењето на нејзиниот функционер, Арбен Таравари, тогаш е соработник во потикнување на раздор помеѓу граѓаните и оваа клевета ја пласира за да им послужи на нивниот идеолошки и коалициски партнер, слично како со таканаречената „Тиранска платформа”.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство