ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура.
Во услови на најголемата економско-енергетска криза, ДУИ продолжува со политиките на зголемување на платите, со што преку отворениот дијалог го вреднува трудот на работниците.
Со овој постигнат договор уште еднаш се докажува дека преку социјален дијалог може да се постигне договор кој е прифатлив и достапен за сите, а со ова вработените во образованието веќе од септември да имаат повисоки месечни плати за 15 отсто, историско покачување на плати.
Демократската Унија за Интеграција е систематски посветена за подобрување на животниот стандард на вработените во образованието, потсетувајќи дека на ова зголемување од 15 отсто му претходеше кумулативното зголемување од 21 отсто од 2017 година, период кога со Министерството за Образование раководеше кадар на ДУИ.
Зголемувањето на месечните плати е во согласност со одлуката да реализацијата започне од месец септември оваа година, додека на сите вработени во образованието кои штрајкуваа да им се даде целосна плата.
Паралелно со зголемувањето на платите во образованието, продолжуваме да ја дефинираме методологијата за постепено зголемување на платите, со што ќе се заштити стандардот на наставниците и истовремено ќе се отстрани политичкото влијание од образованието.
Демократската Унија за Интеграција, низ овие 20 години се покажа како одговорна партија која стои покрај граѓаните и истата ќе продолжи и во иднина да го подобрува животниот стандард, дури и во услови на економска криза.
ДУИ
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години