ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 - те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија.
Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДИУ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа.
На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од структурите, а била споделена и политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.
Централниот штаб на Демократската унија за интеграција оценил дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, а собирите со граѓаните партијата ќе ги почне утре во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје.
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
