ДУИ: Немаме владин договор со Заев, преговорите продолжуваат
Шефот на државата Стево Пендаровски постапува согласно претходната пракса, но не е постигнат договор за коалицирање со СДСМ, велат за Сител извори од преговарачкиот тим на ДУИ.
Изворот вели дека сепак преговорите за ново парламентарно мнозинство меѓу СДСМ и ДУИ продолжуваат и покрај тоа што Пендаровски му го доделува мандатот за составување на Влада на Заев, со што го определува и премиерското место.
Од таму велат, дека по утрешната средба на Ахмети со останатите албански партии работите ќе бидат појасни и не е исклучено по оваа средба да има нов бран на средби меѓу СДСМ и ДУИ.
Претседателот Пендаровски веќе соопшти дека мандатот му го доверува на Заев бидејќи од него бил информиран дека коалицијата „Можеме“ освоила најмногу мандати и е во сериозни преговори за обезбедување на потребното парламентарно мнозинство.
Ваквото известување не наговестува дали Заев зад себе ја има поддршката од минимум 61 пратеник. Имено, коалицијата „Можеме“ има освено 46 пратенички мандати, Заев потврди и соработка со едниот пратеник на ДПА, но се уште му недостасуваат уште 14 народни избраници.
Заев изминативе денови имаше интензивни разговори со Ахмети, но ниту од СДСМ, ниту од ДУИ потврдуваат дали е склучен владин договор, особено какво е решението за премиерското место имајќи предвид дека ДУИ инсистираше на премиер Алабанец, а на маса беше и ротирачки премиер во формат 3+1 година во корист на СДСМ.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес