ДУИ: Не е време за избори, да се спроведе Преспанскиот договор

Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи вечерва централното претседателство на ДУИ.
Претседателството на седницата во Мала Речица оцени дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ.
ДУИ апелира до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот со Грција.
- Потпишаниот и ратификуваниот Договор е меѓународна обврска на државата и во таа насока ДУИ ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред се од САД, Европската Унија, земјите - членки на Унијата,..., во кои јасно и недвосмислено се повикува Парламентот на Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа, стои во соопштението од партијата.
Претседателството на ДУИ укажува дека на референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани од кои над 90 отсто или 610.000 се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на Прсепанскиот договор.
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
