-->
-->
ДУИ ја презентира Предлог-програмата за предвремените парламентарни избори
-->
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја презентираше Предлог-програмата за предвремените парламентарни избори.
Шефот на изборниот штаб Беким Незири истакна дека во првичниот предлог на изборната програма се вклучени сите проекти кои ќе бидат реализирани во мандатот 2016-2020. Тој додаде дека програмата ќе биде завршена во текот на следните денови со предлозите и идеите на различните групи на интерес и апелира до сите граѓани директно да учествуваат со свои идеи и предлози.
- Во оваа првична Предлог-програма 2016-2020 се вклучени проекти, наши ставови и понуди кои ќе одат пред електоратот и пред граѓаните на Македонија на изборите на 5-ти јуни. За да продолжиме со транспарентноста како една од основните вредности која ја имаме, пред да ја финализираме Изборната програма ќе реализираме средби со различни групи на интерес за да ги вклучиме сите идеи, забелешки и предлози од експерти за различни области. Добродојдени се и предлозите на граѓаните кои на директен начин може да придонесат за збогатување на оваа програма со нивните идеи и предлози, истакна Незири.
Централниот изборен штаб на ДУИ, додаде, со голема посветеност и повеќе месеци работеше за да создаде визионерска, реална, достапна за секого, оперативна платформа која ќе овозможи економски развој, поголем просперитет и побрза интеграција на земјата во НАТО и во Европската унија.
- Целта на ДУИ е да има прагматична програма, составена заедно со граѓаните и експертите, со цел, кога ќе го добие конечниот облик, да стане дел од програмата на идната влада, како договор меѓу ДУИ и граѓаните, подвлече Незири.
Според Фатмир Бесими од Одделението за Изборната програма, подготовката на нацрт-изборната програма 2016-2020 почна од октомври лани, а содржи три главни столба: Дражава - консензуална демократија, добро владеење и евроатлантска перспектива, Економија - економски развој и еднакви можности, како и Општество - човечки ресурси и социјална кохезија.
Бесими ја истакна важноста од консултирање со граѓаните во изготвувањето на платформата 2016-2020 и нагласи дека претставниците на секторите заедно со нивните членови ќе продолжат да реализираат средби со различни интересни групи, здруженија, синдикати, стопански комори, невладини организации, експерти и професионалци.
Платформата ќе биде отворена за сите предлози, идеи, кои доаѓаат од граѓаните. Тие ќе може преку веб-сајтот www.bdi.mk да го изберат секторот/областа која ги тангира и да дадат коментари, предлози и идеи кои ќе бидат вклучени на изборите платформа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си
-
На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога
-
Вучиќ и Кошта на средба во Белград, разговарано за односите на Србија и ЕУ
-
Приведен 26 годишен велешанец, управувал возило со 2,07 промили во крвта и нападнал полициски службеник
-
Почина Владимир Бошковски, професор на Архитектонскиот факултет