ДУИ го регистрира членството: Од самиот почеток до денес и секогаш но и во иднина, Вие сте ДУИ!
Демократската Унија за Интеграција ја известува јавноста дека во согласност со донесените одлуки на последната седница на Раководството и Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција процесот на регистрација на членството на ДУИ започна и ќе продолжи до крајот на месец март оваа година.
„Ја имаме честа да Ве поканиме да се зачлените и да станете дел од најголемата политичка партија на Албанците во земјата – Демократска Унија за Интеграција.
Регистрацијата на членството се врши и online на www.bdi.mk или во сите месни одбори и ограноци на ДУИ во секое населено место, како и во седиштето на партијата во Тетово и Скопје.
Демократската Унија за Интеграција повторно ги отвара вратите за сите граѓани за заедно да го изградиме ДУИ на следните две децении како заедничка вредност на сите граѓани.
Од самиот почеток до денес и секогаш но и во иднина, Вие сте ДУИ“, соопштија од таму.
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар