Loading Video...
Фудбал
11. јуни 2020 - 16:31
Дуелот Партизан - Црвена Звезда во фокусот на светската јавност
Дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда привлече огромно внимание во целиот свет, пред се поради огромната бројка на навивачи кои на лице место го следеа натпреварот, во ситуација кога речиси во целиот свет фудбалот се игра без публика поради пандемијата на Корона вирусот.
Над 15.000 гледачи беа присутни на стадионот на Партизан , кои го гледаат дуелот меѓу вечните ривали Партизан и Црвена Звезда, а се играше во рамките од полуфиналето на Купот на Србија.
Иако во Србија досега се регистрирани над 12.000 инфицирани од Ковид-19, од кои 251 лице починаа, сепак тоа не беше причина српските власти да не дозволат присуство на навивачите.
Напротив. Бројката од 15.000 гледачи е рекорд на еден спортски натпревар во периодот на Корона пандемијата.
Што се однесува до натпреварот, Партизан го доби мечот минимално со 1:0 со голот на Израелецот, Натхо постигнат во 58.минута, па црно-белите ќе имаат можност да ја бранат титулата во ова натпреварување освоена минатата сезона.
А, за трофејот Партизан ќе се бори со Војводина која исто така со 1:0 беше подобра од Чикарички.
Финалниот меч е закажан за 24 јуни.
-
Игор Tрпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->