Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск

Властите во Обединетите Арапски Емирати денеска потпишаа договор за изградба на проектот Дубаи Луп (Dubai Loop – брза транспортна мрежа) со Боринг компани (Boring Company), компанија за инфраструктура и тунелни услуги на Илон Маск.
Договорот меѓу Управата за патишта и транспорт на Дубаи и компанијата на Маск предвидува капацитет за превоз на 160,000 патници на час и должина на рутата поголема од 100 километри.
Во почетната фаза на проектот е предвидена изградба на транспортниот систем „Луп“ што ќе има 11 станици и тунел долг 17 километри и ќе превезува над 20,000 патници на час.
Последната фаза на брзата транспортна мрежа ќе биде подземен систем од нова генерација во емиратот, што ќе користи одржливи и иновативни технологии за безбедно и ефикасно транспортирање патници преку системот Луп на Боринг компани, што веќе превезува над два милиона патници во Лас Вегас, САД, од 2021 година.
Системот Дубаи Луп ќе ги поврзува клучните локации во емиратот. Компанијата Боринг е основана во 2017 година од Илон Маск, во потрага по револуционерни транспортни решенија.
Ново на Сител
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
