Џет-Сет
20. July 2020 - 11:02

Дуа Липа со објава за Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија

Британската пејачка Дуа Липа на социјалните мрежи предизвика лавина од негативни коментари откако објави фотографија од знаме на кое е прикажана мапа на таканаречната Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија, а во описот напиша: „Автохтон – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти“.

Набрзо пристигнаа и одговори на нејзината објава кои претежно доаѓаат од земјите кои се опфатени од контроверзната мапа, а луѓето бараат нејзината објава да биде пријавена и блокирана.

Пејачката е родена во Лондон, секако нема намера да се врати да живее во Приштина каде што е „автохтона“, па од Велика Британија одлучи да промовира контроверзни и националистички мапи со кои шири омраза меѓу народите на Балканот, наместо да го искористи своето влијание за да му помогне на регионот конечно да тргне напред.