ДСЗИ: Синлаб да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад, следат прекршочни санкции

По извршените инспекциски контроли Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) со решение ја задолжи Приватната здравствена установа Синлаб да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад, како што е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.
Извршените вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ, како што се посочува, следат откако беше утврдено дека таа ПЗУ фрла медицински отпад во сини кеси за комунален отпад во контејнери за комунален отпад.
Со оглед на тоа дека законодавецот предвидел глоба за правните и физичките лица, како и за одговорните лица во правните лица кои постапуваат спротивно на одредбите од овој Правилник, следи и спроведување прекршочни санкции за сторителите на прекршокот, наведуваат од ДСЗИ.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
