-->
-->
ДС: ЈО случајот на Саздовски да го третира како убиство
-->
Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.
Се работи за убиство извршено на свиреп начин и обвинителството мора овој неразумен чин и така да го третира, а секој обид да се релативизира ова злосторство може да добие политичка и етничка димензија со тешки последици по јавниот ред и мир.
Ги повикуваме сите државни институции, посебно јавното обвинителство и судот, да работат професионално, одговорно, транспарентно и ефикасно.
Апелираме до сите граѓани и навивачки спортски асоцијации, да останат присебни и воздржани, да не се конфронтираат и да не ја „земаaт" правдата во свои раце.
Само со почитување на законите и без политичко влијание врз МВР, ЈО и Судот, сторителите на ова убиство ќе ја понесат заслужената казна.
Демократски сојуз
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф