ДС: Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели
Демократскиот сојуз досега неколкупати иницираше постапка за укинување на правата на Претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но Парламентот тие иницијативи не ги прифаќаше.Со Законот за правата на Претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно.
Освен семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое оправдано користи само дел од правата, во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата.
Го повикуваме Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на Претседателот на Македонија по престанокот на функцијата.
ДС има подготвено измени на законот и истите повторно ќе ги достави до Парламентот.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес во североисточниот дел на Македонија
-

Сведочења на лекари и оштетени пред Судот во случајот „Онкологија“
-

Тошковски подложен на хируршка интервенција, МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира
-

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
