Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.
Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.
Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.
Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите.
Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам