Државна матура во август ќе полагаат 2.011 ученици
Оваа учебна година за државната матура во августовски испитен рок се имаат пријавено 2011 ученици. Денеска се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература полагаа 280 кандидати, албански јазик и литература 370, а 43 ученик турски јазик и литература.
Како што информира Државниот испитен центар, согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено три предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.
Утре ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.466 кандидати, а француски јазик и германски јазик по седум кандидати.
На 16 август 56 кандидати ќе полагаат математика, а на 17 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 219 кандидати, историја 210, биологија 77, филозофија 164, хемија 5, физика и естетика по двајца.
Испитите ќе се реализираат на 18 локации во Република Македонија и сите почнуваат во 10 часот. Испитниот материјал, истиот ден кога се реализира испитот, се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки