-->
-->
Државјаните на Русија на 1 јули ќе може да гласаат за измени на Уставот во Руската амбасада
-->
Руските државјани во земјава на 1 јули ќе можат да гласаат за измени на Уставот на Руската Федерација во просториите на Амбасадата на Русија во Северна Македонија.
– На 1 јули 2020 година од 08:00 до 20:00 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација (ул. Пиринска бр. 44) ќе се одржи гласање за измени во Уставот на Руската Федерација во кое ќе учествуваат државјаните на Русија кои постојано или привремено престојуваат во Република Северна Македонија, соопшти руската Амбасада.
Од денеска во Русија почнува да се гласа на референдум за уставните измени. Гласањето требаше да се одржи пред повеќе од еден месец, но беше откажано поради пандемијата на коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%