Државјаните на ЕУ сакаат личен документ како доказ за легалниот престој на Островот
Британската Влада е под притисок на државјаните на ЕУ да им издава личен документ што ќе докажува дека тие имаат право да останат во земјата по Брегзит, пишува „Гардијан”.
Истражувањето на јавното мнение покажало дека 90 отсто од граѓаните на ЕУ во Обединетото Кралство повеќе сакаат лична карта или документ пред дигиталните податоци што сега ги имаат за во иднина да ги покажат своите права пред работодавачите, банките или станодавци.
Стравувањата од дискриминација, загубата на идентитет и продолжениот недостиг од доверба кон британската Влада да ги гарантира нивните долгорочни права, се појавуваат како сериозни стравувања во истражувањето – што претставува најголемо истражување во кое се опфатени државјаните на ЕУ, Европската економска зона и швајцарските државјани на Островот до овој момент.
Истражувањето е спроведено од Универзитетот „Северна Умбрија“ и активистите од „the3million“.
Пред неколку дена координаторот на Работната група за Брегзит во Европскиот парламент, Ги Верхофстат, ги уверуваше граѓаните на ЕУ дека нема да бидат автоматски депортирани доколку не поднесат документи за постојан престој.
Многу од анкетираните, меѓутоа, зборуваат за позитивните искуства од примената на статусот за постојан престој. Мнозинството сметаат дека процесот оди во добра насока или 97,1 отсто од 3171 анкетирани кажале дека го добиле очекуваниот постојан престој.
Ново на Сител
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. Градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции