Балкан
3. January 2023 - 15:03

Државјанин на Србија настрада на планинарење во Бугарија

Радиотелевизија Србиаја (РТС) јави дека српски државјанин Д.Г. настрадал за време на планинарење во Бугаријa.

РТС повикувајќи се на бугарските медиуми објави дека по повеќедневна потрага, при што е користен и дрон, пронајдени се телата на Д.Г. и на еден бугарски државјанин на Вихрен, највисокиот врв на планината Пирин.

Телата ги пронашле планинските спасувачи од Банско, Разлог и Сандански.

Претходно, бугарските медиуми објавија  дека една од жртвите е македонски државјанин.