Фудбал
27. October 2015 - 10:19

Друловиќу, кај ти е одбраната?!

Дел од македонската фудбалска јавност со внимание ги следи изданијата на ФК Партизан на чие чело застана поранешниот селектор на нашата репрезентација Љубинко Друловиќ. 

По стартната победа црно-белите  веднаш разочараа во вториот меч на Друловиќ на тренерската клупа одигрувајќи нерешено против Младост. 
Српските медиуми во своите анализи со право се прашуваат каде е одбраната на Партизан која  на овие два меча прими дури 4 погодоци. 
Зачудува овој факт ако се знае дека со Македонија Друловиќ играше цврсто во одбраната и примивме само еден гол од една Шпанија, одигравме 0-0 на гости со Белорусија итн.
Бразилецот Фабрисио Дорнелас, клучно појачување во одбраната, Милош Остојуќ, Грегор Балажиќ, Лазар Чирковиќ, ниту еден од нив не е на потребното ниво за добра дефанзива. 
Затоа навивачите се загрижени бидејќи одиграни се две третини од првенството во есенскиот дел во Србија а Партизан заостанува дури 16 бодови зад Ц. Звезда а го очекуваат плус три тешки мечеви во Лига Европа за пласман во пролетниот дел од ова натпреварување. Плус тоа далеку е јануарскиот преоден рок. 
Којзнае можеби Друловиќ ќе се сети да купи некој од нашите одлични дефанзивци како Шиков, Мојсов, може и Жута.....итн.