Другарот на Коста со потресно сведоштво: "Го молевме да не вози сам кобната ноќ"
"Го молевме да преспие и да не вози сам до Кавадарци. Заедно бевме во саботата на забава во Струмица. Не успеавме да го убедиме да остане со нас."
Со овие зборови, со тага и болка, пријателот на починатиот Коста С, Ѓоре Абрашев од Велес, сведочи за Дневник, за трагичниот настан кој ја потресе македонската јавност.
- „Изгубив драг пријател, колега, другар, брат. Беше прекрасна личност. Се нема скарано со никого, на никого му нема згрешено. Ми раскажуваше дека има три годишна врска. Бевме цел ден заедно од 15 часот до 2 по полноќ на забава. Го молевме да не тргнува сам, ама не го разубедивме", вели со тага неговиот другар за Дневник.
Додава дека пиеле со мерка, но сепак, Коста бил решителен да замине таа вечер кон Кавадарци.
За потсетување, Коста беше пронајден мртов вчера во 5 часот и 40 минути, кај на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик. На социјалните мрежи претходно се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со мотор „хонда“, по што му се губи трагата.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, полицијата соопшти детали за смртта на Коста, која ја потресе македонската јавност. По извршениот увид полицијата го потврди идентитетот и информира дека 25 годишниот Коста С. од Кавадарци вчера управувајќи мотор „Хонда“ изгубил контрола, излетал од коловозот и починал на лице место.
Младото момче ќе биде погребано денеска на гробиштата во Кавадарци, на пладне. Оваа трагедија ја потресе цела Македонија. Ова е уште еден млад живот кој згасна на патиштата.
Ново на Сител
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица