Друг пејач причина за разделбата на Ирена и Орце
Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце пред десетина дена се иселил од нејзиниот стан, пишува порталот „7 дена“. Според извори на порталот, причина за разделбата е тоа што Ирена имала друго момче, музичарот Амети Мухамедали- Мухи.
Дека е крај на врската потврдил и Гелевски.
-Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас нема што друго да кажам. Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници, вели Орце.
Пејачката негирала дека има друго момче.
-Да имавме некои одредени проблеми и затоа сметавме дека најдобро решение е разделбата. Немам друго момче, вели таа.

Пејчот Мухамедали за порталот рекол дека нема што да изјави.
„Јавна тајна е врската меѓу Ирена и Мухи. Цела естрада тоа го знае“, велат нивни колеги. Според нив Ирена и музичарот веќе три години биле во врска и дека станува збор за голема љубов. Тоа ним им го раскажал и Мухи, со уште многу детали од нивната врска. Тој живеел во странство, но од љубов кон Ирена се вратил во Македонија и сега на свирките настапуваат заедно, пишува порталот „7 дена“
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
