Дрска кражба: Украдени кабли од трансформатор кај манастирот во Вратница
Непознати сторители од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Тие противправно се стекнале со вредност од околу 8.000 денари, а на трансформаторот нанеле штета околу 360.000 денари.
- Во временски период од 11:00 часот на 19 март до 05:00 часот на 20 март во село Вратница, тетовско, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба така што од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале сторителите на кражбата се проценува на 8.000 денари, додека вредноста на оштетениот трансформатор на околу 360.000 денари, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Ново на Сител
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот