-->
-->
Дрогба се враќа во Челзи
-->
Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба не потпиша договор со ниту еден клуб во зимскиот преоден рок, а причината веројатно лежи во тоа што има понуда да биде тренер во Челзи.
38-годишниот играч, кој во два периода играше за „сините“, одби неколку понуди од европски и светски клубови за да се врати на Стемфорд Бриџ и да биде дел од стручниот штаб со што ќе почне да ја гради менаџерската кариера.
Дрогба беше еден од најомилените играчи на навивачите на Челзи.
Првпат го облече дресот на овој клуб во 2004 година, а вториот пат во 2015. Играше за Марсеј, Шангај Шенхуа, Галатасарај, а последен клуб му беше Монтреал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер