Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомневање дека едно лице ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– Осомничениот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” и на адресата на која непријавено престојувал на улица „Париска” во Скопје, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во зипер кеса, две целофански пакувања и бело најлонско пакување со вкупна нето маса од 29 грама, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. При претресот била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Тој недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол, соопштија вечерва од Јавно обвинителство на Република Македонија.
Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, се наведува во соопштението, доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство и постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
