Драматична ситуација во прифатниот центар Елиникон крај Атина
Во прифатнот центар на стариот атински аеродром Елиникон владее драматична ситуација, каде веќе има над 6.000 бегалци и мигранти, и покрај забележениот пад на миграциски прилив на грчките острови по склучувањето на спогодбата меѓу ЕУ и Турција од 20 март, алармира денеска електронското издание на весникот „Етнос“.
Во репортажа на весникот пишува дека во последно време ситуацијата во центарот е на пат да излезе од контрола и дека крие сериозни ризици откако драматично се зголеми бројот на бегалци и мигранти кои се сместени во него, а капацитетот на центарот тоа не може да го издржи.
Весникот „Етнос“. исто така, алармира и за новиот обид на властите да ги преместат бегалците и мигрантите од пристаништето Пиреја во други прифатни центри, кои поттикнувани од активистите на невладините организации, одбиваат да се ги послушаат нивните повици за преместување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ