Драма: Возило со шестмина млади заврши на дното на езерото

Двајца мажи кои биле во таксито без размислување скокнале во водата за да помогнат во спасувањето на патниците од возилото кое слетало од патот и завршило на дното на езерото.
Во понеделникот околу 3 часот утрото Патрик Лох и Кристијан Бендлер, патници во таксито кое поминувало покрај тиролското езеро Ахензе, здогледале на дното на езерото автомобил и веднаш без размислување го запреле таксито и запливале за да ги извлечат несреќните. Кога нурнале виделе дека во автомобилот на дното на езерото има шест млади луѓе на возраст од 22 до 31 година. Почнала драматичната борба за спасување на нивните животи.
Четити момчиња успеале да излезат и да допливаат до брегот, а патнците од таксито воделе драматична трка со времето, за да ја извлечат 22-годишната девојка која била зад воланот и 26-годишното момче на совозачкото место кои веќе биле во несвест.
Набрзо пристигнала и брзата помош и лекарите веднаш почнале да ги реанимираат двајцата повредени. Тие се префрлени во болницата во Инзбрук, а останатите четворица со полесни повреди се сместени во болницата во Швац.
Истрагата ќе утрврди како дошло до нресреќата, и зошто возилото слетало во езерото.
Најважно е што сите останале живи, а без помош на двете момчиња овие шесмина млади не би преживеале.
Ново на Сител
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден


