Драма во такси компанија во Скопје: Таксист со сопругата ја нападнале диспечерката, таа го повикала својот сопруг напомош
Во СВР Скопје вчера во 23:35 часот телефонски било пријавено дека во централата на такси компанија на улица “Димитар Туриманџовски“ бил нарушен јавниот ред и мир.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот при што било утврдено дека во централата на такси компанијата дошле С.Р.(53), вработен како такси возач и неговата сопруга М.Р.(47) кои почнале да викаат и да ја навредуваат вработената-диспечерка Р.Л.(23).
По кратко време, истата го повикала нејзиниот сопруг Б.К.(35) кој дошол во централата со негов пријател, при што дошло до меѓусебна пресметка помеѓу лицата.
Причина за нарушувањето била тоа што С.Р. во текот на денот додека работел како такси-возач бил казнет-исклучен од страна на диспечерката Р.Л.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро