Свет
22. August 2017 - 11:14

Драма во Италија: Бебе спасено од под урнатините по земјотресот на островот Искија

Италијанските спасувачки екипи извадија живо седмомесечно бебе од под урнатините на една куќа, која се урна по земјотресот со интензитет од четири степени според Рихтер на островот Искија.

Под урнатините на куќата се наоѓаат и двете братчиња на новороденчето, кои се на возраст од пет и седум години. Тие давале знаци на живот и спасувачите успеале да им подадат шишиња со вода.

Засега е соопштено дека две лица се загинати во синоќешниот земјотрес.