Драма во Германија: Невремето однесе најмалку четири лица, властите молат да не се излегува од дома
Најмалку четири лица загина, а десетина се повредени во невремето што го зафати северниот и источниот дел на Германија, уривајќи дрва и предизвика прекин на сообраќајот.
Властите во Хамбург претходно ги предупредија жителите да не ги напуштаат своите домови.
Поради невремето откажани се летови од берлинските аеродроми Тегел и Шенефелд. Исто така, откажани се и неколку меѓународни летови од аеродромите во Бремен и Хановер.
Германската железничка компанија „Дојче бан“ соопшти деке е во прекин железничкиот сообраќај во северните провинции Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и Бремен, како и во Хамбург.
„Дојче бан“ ги откажа и возовите на подолги релации од и за главниот град на Германија, Берлин, каде ветерот достигна брзина од 120 километри на час.
Според Германската метеоролошка служба бурата може да достигне јачина на урагански ветер.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?