Драма на патот Прилеп - Скопје, со безбол палка претепана мајка со двајца синови
Синоќа околу 21,00 часот, додека Љ.Т.(59) од Скопје која била заедно со нејзините двајца синови и оделе од Прилеп кон Скопје, со патничко моторно возило „Мерцедес“ со холандска национална ознака, пред бензиска пумпа ги пресретнало возило „Мерцедес“ со прилепски регистерски ознаки, кое се паркирало пред нив.
Од возилото излегле едно непознато машко лице и едно непознато женско лице кое го спречувало да направи проблем.
Откако истите го продолжиле патот, по кратко време ги престигнало комбе, управувано од непознато лице, кое ги удрило во задниот дел од возилото и од страната, а потоа се паркирало пред нив и од комбето излегле неколку непознати лица.
Еден од синовите на Љ.Т. кој го управувал возилото веднаш го свртил истото кон Прилеп, но комбето ги пристигнало и повторно ги удрило од позади и ги исфрлило од патот, по што се превртеле.
Во тој момент пристигнало и лицето кое го управувало „Мерцедесот“, извадило безбол палка и заедно со лицата од комбето кои исто така имале палки почнале да се приближуваат кон Љ.Т. Нејзините синовите избегале, а пријавителката останала сама кај возилото.
Лицето кое го управувало „Мерцедесот“ ја удрило два пати во пределот на рамото и нозете, по што таа паднала во безсознание.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот.
Од екипа на ИМП, Љ.Т. и нејзините двајца синови биле префрлени во МЦ-Прилеп за укажување на лекарска помош. На двете лица од „Мерцедесот“ им бил утврден идентитетот и по нив се трага, а се работи на утврдување на идентитетот и на останатите лица и нивно пронаоѓање.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир - го ранил во ногата додека пешачел
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал