-->
-->
Драма на автопатот Скопје - Велес: Момче скокна во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко
-->

Е.К. (30) од Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје - Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.
Како што соопшти полицијата, Е.К. најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно.
Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ - Велес пријавило дека лекарска помош побарало лицето Е.К., кое било донесено од роднина.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
-

Артета: ПСЖ го брани трофејот од Лигата на шампионите, а Арсенал е тука да го земе
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
