Драги Рашковски на распит во Кривичен суд

Доскорешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски рано утринава бил приведен во полициска станица, а во моментов е на распит пред судија на претходна постапка.
Се бара притвор за него.
Според обвинителството, тој е осомничен за злоупотреба на службената положба при набавката на софтвер за потребите на МВР иако полицијата не го користи.
Освен Рашковски, за случајот се осомничени уште три лица, меѓу нив и управителот на Инвока груп, Даниел Станчев.
-Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена,се вели во известувањето од обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци за двајцата првоосомничени до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. За останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост, се додава во соопштението на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
