Драги мои не чекајте! Сека апелира до сите жени со ист проблем, веднаш да се јават на лекар
Фолк ѕвездата Сека Алексиќ е една од ретките лица од естрадата која за својата борба за потомство и процесот на вонтелесно оплодување зборува јавно и не како другите, да се срами од начинот на кој останала бремена. Јавно зборуваше за секој детаљ низ кој минала во лекувањето на стерилитетот, но истакнуваше дека тоа е проблем со кој се соочуваат многу жени и дека е важно за тоа да зборува гласно.
Иако Вељковиот и нејзин син Јаков неодамна наполни една година, оваа двојка реши нивниот љубимец што поскоро да добие друштво. Имено, Сека открива дека повторно влегла во процесот на инвитро и за околу 2 месеци се надева на среќни вести.
-Почнавме со подготовките, познато е дека вонтелесното оплодување не е брзо. Би сакале што поскоро да се оствариме повторно како родители. Најверојатно тоа ќе биде на почеткот на идната година. Со Јаков сфативме дека најголемо богатство на еден човек е потомството, фала на Бога што ни го дари. Со медицинските стручњаци и мојата докторка Гоца Ивановиќ, искрено се надевам дека ќе успееме повторно. Би сакале да имаме повеќе деца и да нема голема разлика меѓу нив, вели Сека.
Единствена причина поради која Алексиќ зборува за оваа тема е што сака да ја разбуди свеста кај жените кои не се охрабруваат да влезат во процесот на вонтелесно оплодување.
-Апелирам до сите жени кои имаат слични проблеми да се јават што порано кај лекар, да почнат со тој процес зошто секоја година за жените е важна. Велат дека за вонтелсно оплодување се важни три работи: прво, годините на жената, втора годините на жената и трета исто така годините на жената. Затоа драги мои, не чекајте, не се двоимете, не се плашете! Апсолутно се е безболно, хормоните кои им се даваат на жените се мининални и апсолутно не влијаат на килограмите, вели таа.
Пејачката се породи на 24 септември 2016 година и неодамна направи гала прослава на првиот роденден на синот единец.
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана