ДПМ избира ново раководство
Друштвото на писателите на Македонија денеска на редовно Изборно собрание ќе избере ново раководство.
Кандидати за нов претседател на ДПМ се Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска, кои според Статутот на ДПМ, со програми ги најавиле своите кандидатури.
Соња Стојменска Елзесер е родена во 1963 година. Таа е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Еден мандат била претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Член на ДПМ е од 2009 година.
Оливера Доцевска е родена 1975 година и е поетеса и есеист. Живее во Куманово, работи како адвокат во Скопје. Член на ДПМ е од 2013 година.
За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавиле Христо Петрески и Блаже Миневски.
Христо Петрески, роден 1957 година, е поет, раскажувач, романсиер, критичар и есеист. Доктор по филолошки науки, професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје и директор на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Член на ДПМ е од 1985 година.
Блаже Миневски, роден 1961 година, е раскажувач, романсиер и драмски автор. Работи како уредник во секторот за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1992 година.
Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, денеска највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори, членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.
Својот четиригодишен мандат го завршија Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите