Македонија
1. August 2022 - 10:23

ДПА почна изборна кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово

 Демократската партија на Албанците (ДПА) синоќа ја започна изборната кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово. Промотивниот собир на партијата се одржа во гимназијата во Тетово.

-На оваа средба беше промовирана листата на кандидати за општински советници. Кандидатите за советници одржаа говори пред присутните, Бесарт Аслани, Фатима Кучи и носителот на листата Висар Палоши кој ги откри проблемите со кои и понатаму се соочува Тетово и вети решение за овие проблеми, информираа од прес-службата на ДПА.

На оваа средба присуствуваше и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој на присутните им се обрати со пригоден говор и на кандидатите за советници им посака успех во кампањата.