ДПА: Оставките на ДУИ се кулминација на хипокризијата
Демократската партија на Албанците (ДПА) смета дека оставките на министрите од ДУИ претставува кулминација на хипокризијата на оваа партија.
- Ова е кулминација на хипокризијата од страна на ДУИ. ДУИ и Али Ахмети не даваат никакво образложение зошто сега излегуваат од Влада. Досега Ахмети предавството, корупцијата, организираниот криминал, а сега и неморалноста ни го продаваат како вредност и патриотизам, изјави пратеникот на ДПА Орхан Ибраими во Собранието на РМ.
Пратеникот Хари Локванец од СДСМ, пак, смета дека ДУИ треба да даде одговор зошто постaпија на овој начин.
- Вистинската адреса на едно вакво прашање е ДУИ која треба да даде директен одговор кои се причините за еден ваков нивен потег излегување од техничка влада со единствена задача спроведување на фер и демократски избори, изјави Локвенец.
Ново на Сител
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет