-->
-->
Дождовите ги полнат реките
-->

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемуваат по последните врнежи од дожд и се повисоки од вчера иако се уште се под просекот за април, покажуваат мерењата што ги направи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Исклучок се Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црн Дрим кај Ложани каде има благо намалување во однос на вчера и Пчиња каде нивото е исто со вчерашното на мерните места во Пелинце и Катлановска Бања.
Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера. Нивото на Дојранското Езеро е повисоко за речиси три метри во однос на повеќегодишниот просек, а кај Охридското и Преспанското е пониско од вообичаеното за овој период од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
