Дождот го изгасна пожарот во атарот на Матејче
Дождот што врнеше во текот на вечерните часови ги изгаси активните жаришта на пожарите на непристапниот терен во атарот на липковското село Матејче, информираа денеска од подружницата на „Македонски шуми“, РЦУК Куманово и од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот во месноста Вуксан на подрачјето на липковско Матејче во текот на вчерашниот ден во два наврати се разгорувал поради ветерот во тој реон, велат од РЦУК Куманово.
Во попладневните часови ветерот ги разгорел жариштата на пожарот кој вчера околу 11:00 часот претпладне беше локализиран. Дирекцијата за заштита и спасување ангажирала два авиони АТ 802-А за гасење, поради лошата конфигурација и непристапниот терен. Инаку, со пожарот била зафатена сува трева и дабова шума. Околу 17:00 часот пожарот во месноста бил локализиран и ставен под контрола. Но, во 20:15 часот, припадниците на полициската станица Матејче повторно ги информирале надлежните од РЦУК Куманово дека пожарот се уште е активен. Пожарот е изгаснат во ноќните часови од врнежите од дожд.
Месноста Вуксан е на надморска височина од 1.370 метри и е лоцирана на тешко пристапен терен. Од подружницата на „Македонски шуми“ и од подружницата на ДЗС информираа дека денеска повторно ќе излезат на терен за да видат каква е состојбата на оваа локација.
Од ТППЕ Старо Нагоричане денеска информираа дека во таа општина за време на викендот се случиле три пожари. Како што соопшти денеска, командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Оливер Стојмановски, во село Стрезовце од 20:45 до 21:30 пожарникарите интервенирале на запалена сува трева на површина од околу два декари. Претходно гаселе пожар во Слатино на површина од три декари кога исто така горела сува трева. Пожарот бил изгаснат во 20:30 часот. Претходниот ден пак во оваа општина горела сува трева во Никуљане на површина од пет хектари. Пожарникарите од Старо Нагоричане успеале по три часа да го изгасант околу 19:30 часот.
Ново на Сител
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника