-->
-->
Довициозо со мудар потег - победник на ГП во Австрија
-->
Андреа Довициозо на Дукати победи на денешната трка за ГН на Австрија што се возеше на патеката „Ред бул ринг“. Тој во драматична завршница во последните метри успеа да го сочува првото место и стигна до третата победа сезонава. Конкурент за првото место му беше лидерот во генералниот пласман Марк Маркез, кој во последниот свиок успеа да избие на првото место, но немаше можност да ја задржи таа позиција бидејќи доцна почна со кочењето и Довициозо побрзо се исправи и како победник ја заврши трката.
Место на подиумот избори и Дани Педроса, кој го освои третото место.
Генерален пласман:
1. Маркез - 174 бодови
2. Довициозо - 158
3.Вињалес - 150
4. Роси - 141
5.Педроса - 139
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани