-->
-->
Довичиозо победи на Сепанг
-->
Мотоциклистот од Италија Андреа Довичиозо победи на денешната трка што се возеше на патеката Сепанг за Големата награда на Малезија. Победникот на денешната трка Довичиозо до триумфот стигна откако на пет кругови до крајот го мина клупскиот колега Хорхе Лоренцо. Ова за него е втора последователна трка на патеката Сепанг, шеста победа сезонава и 17.та во кариерата.
- Возев во добар ритам и на доволно растојание. Тој погреши, јас ја искористив шансата и избив на првата позиција, изјави Довичиозо.
Место на победничкиот пиедестал како третопласиран обезбеди и Жоан Зарко.
Лидерот во генералниот пласман и најголем кандидат за шампионската титула Марк Маркес тешко се снајде на влажната патека и се пласира на четвртото место. За да ја освои шампионската титула Маркес, потребно е на последната трка за две недели во Валенсија да биде пласиран до 11.то место.
Генерален пласман: Маркес 282 бода, Довичиозо 261, Маверик Вињалес 226, Себастијано Роси 197,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат
-
Православните христијани ја слават Велика сабота
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден